Некои нови странци навалија во нашите текстилни фирми

Bez autora
Jan 24 2011

Црните прогнози за затворање на текстилните фабрики пред крајот на 2010 година и отпуштањата на голем број работници поради немање нарачки од странство, за среќа, не се остварија. Текстилците сега задоволно ги тријат рацете. Во текот на јануари секаде се работело турбо, а имало обезбеденост со работа до крајот на март. Истовремено, претставници на многу фирми од повеќе европски земји во изминатите два-три месеци буквално навалиле на македонските текстилни фабрики да преговараат за соработка, што не се случило неколку години. Сите капацитети се преполни со големи количества нарачки за сезоната пролет - лето 2011 и ќе бидат речиси пребукирани со работа и во наредните два месеца, што е добро за нас. Значи, од недостигот на работа што се чувствуваше од средината до крајот на 2010 година, сега работата се нормализира и може да се каже дека кризата, која му се закануваше на текстилот, е надмината.

Некои нови странци навалија во нашите текстилни фирмиЦрните прогнози за затворање на текстилните фабрики пред крајот на 2010 година и отпуштањата на голем број работници поради немање нарачки од странство, за среќа, не се остварија.

Текстилците сега задоволно ги тријат рацете. Во текот на јануари секаде се работело турбо, а имало обезбеденост со работа до крајот на март. Истовремено, претставници на многу фирми од повеќе европски земји во изминатите два-три месеци буквално навалиле на македонските текстилни фабрики да преговараат за соработка, што не се случило неколку години.

„Сите капацитети се преполни со големи количества нарачки за сезоната пролет - лето 2011 и ќе бидат речиси пребукирани со работа и во наредните два месеца, што е добро за нас. Значи, од недостигот на работа што се чувствуваше од средината до крајот на 2010 година, сега работата се нормализира и може да се каже дека кризата, која му се закануваше на текстилот, е надмината. Многу е позитивно и тоа што во последниве месеци има голем интерес за соработка од страна на нови фирми од Германија, Холандија, Италија и од Англија, што дава надеж дека и во наредниот период фабриките ќе бидат обезбедени со работа“, вели Владо Нетков, директор на „Модена“ од Штип.

И Димитар Стојановски, претседателот на Здружението на работодавци на Македонија и истовремено директор на „Пелистер“ од Битола, потврдува дека во текстилот, за разлика од лани, има позитивни поместувања и оти се очекуваат уште поголеми нарачки од странски партнери, и од досегашните, но и од новите што зачестија во нашите фабрики во последно време.

„Интересот на странските компании покажува дека Европа закрепнува од економската криза и тамошните пазари оживуваат. Добро би било оваа ситуација да ја искористат некои наши фирми за да ја надминат фазата на лон-доработките и да се преориентираат кон класично производство што носи и поголем профит“, посочи Стојановски.

Тој додава дека зголемениот интерес на европските компании за соработка со нашите текстилни фирми покажува дека Македонија, според квалитетот на изработката, се' уште подобро котира од земјите од Далечен Исток каде што има значително поевтина работна рака. Токму поради тој факт, многу домашни фирми стравуваа дека многу бргу ќе дојде до масовно селење на европскиот капитал на источните пазари. Без оглед на тоа што сега е добра обезбеденоста со работа, Стојановски потсетува дека власта треба да и' помогне на текстилната дејност преку намалување на високите давачки и парични казни што сега ги наплатуваат инспекциите и за најбанални и ненамерни грешки во работењето. Казните се движат и до 5.000 евра, што е неодржливо за фирмите. Токму затоа на наредниот состанок на Економско-социјалниот совет, Здружението на работодавците ќе реагира за одредени законски одредби што се однесуваат на висината на давачките и ќе бара од социјалните партнери да се направат измени во интерес на стопанството.

Инаку, од почетокот, па се' до есента 2010 година, во текстилната дејност, која вработува околу 40.000 лица, имаше многу принудни одмори, како и откази поради немање работа и значително намалени лон- нарачки од странство. Поради економската криза, во 2009 година, во споредба со 2008 година, беше регистриран пад на текстилното производство и на извозот за околу 20 проценти, додека бројот на вработените се намали за повеќе од 20 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik